PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Ако размислуваш да избегаш во дивината…

Загаден воздух, превисоки трошоци, премалку слободно време… понекогаш навистина посакувам едноставно да го напуштам овој начин на живот и да избегам во „дивината“.

PopUp by PopUp
декември 17, 2022
in humans
0
Ако размислуваш да избегаш во дивината…

Modern House Cabin

406
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Ако подобро размислам, ми се чини дека „дивината“ во која замислувам да избегам не е онаа од книгите и филмовите – недопрен пејзаж со бујна флора и фауна, џунгла далеку од „цивилизацијата“, туку дека во овој контекст „дивината“ подразбира само слобода да ги одбереш сопствените принципи и услови на живеење и учествување во општеството.

Да ја градиш сопствената куќа и да ја одгледуваш сопствената храна звучи прилично добро, нели? Верувам дека ова е живот кој има свои огромни предизвици (најголемиот дел од нашите (пра) баби и дедовци живееле токму така и сме се изнаслушале приказни за нивните многу витински маки), но кога го поминувам речиси цел ден седејќи пред компјутер, задлабочена во работа која понекогаш е многу стимулирачка, а понекогаш затапувачки досадна, помислата дека можам да одберам мојот живот да изгледа така прави „светлото на крајот од тунелот“ да свети посилно. 

Како и секој кој живее во ерата на интернетот, оваа моја фантазија е потхранета од дел од содржините кои ги конзумирам онлајн. Без разлика дали се профили на Инстаграм или Јутјуб канали (најчесто се двете), интернетот изобилува со личности кои одбрале да го прават токму ова. Споделувањето на нивниот живот преку овие социјални мрежи е најчесто нивниот извор на приход, бидејќи во тие инспиративни видеа секогаш се протнати реклами за алатки за веб сајт, додатоци на исхрана (суплементи де!) или слични производи.

Whatifness

 

View this post on Instagram

 

A post shared by whatifness (@whatifness)

Modern House Cabin

Simple Living Alaska

Vanwives

Иако овој начин на живот се рекламира како „слобода“ и верувам дека многумина од нас го чувствуваат сопствениот копнеж за слобода кога ги гледаат или слушаат овие приказни, неопходно е да забележиме и дека овој вид на бегање во „дивината“ е нешто што многу полесно можат да го изберат личности кои веќе уживаат некаква привилегија – живеат во економски и технолошки развиена средина, имаат законски рамки и социјални системи кои ги згрижуваат, додека за оние кои не живеат во такви средини овој принцип за живеење веројатно би спаѓал повеќе во категоријата на опстанок и преживување. Освен тоа, иако овој животен стил најчесто го нарекуваме „неконвенционален“, сепак можеби и не е така чуден. Принципот на заработувачка функционира како бизнис, зависи од социјалните мрежи и конвенционалните начини на броење кликови и прегледи, 

Но, овој мисловен процес мене всушност ме води низ неколку фази: инспирација, гнев, самосожалување, тага, апатија… и завршува најчесто (или барем во најдобар случај) со соочување со тоа дека мојот копнеж можеби воопшто не е сам по себе поврзан со конкретни работи како изгледот или формата на мојот дом, работа или од каде ја снабдувам мојата храна. Она што всушност го посакувам е да донесувам одлуки за мојот живот кои се засноваат на тоа што јас го сакам и во кое јас верувам, наспроти очекувањата на средината во која живеам или културата на која ѝ припаѓам. Бегањето во дивината значи да се отстраниш себе си од она што те ограничува. Но, што со деловите од тебе кои ги проголтале тие ограничувања и кои сакаат да бидат „послушни“? Не постои џунгла во која тие нема да дојдат. 

Maybe the true wilderness was the friends we made along the way

Можеби дивината по која трагаме била во нас целото ова време.

Клелија Живковиќ

Previous Post

Расказ: „Нема иднина во минатото“

Next Post

Најдобрите албуми во 2022 според DAZED

Next Post
Најдобрите албуми во 2022 според DAZED

Најдобрите албуми во 2022 според DAZED

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum