PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

24/7 – повик за будење за нашиот НОН СТОП свет

popup by popup
октомври 31, 2019
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Повеќе од педесет мултидисциплинарни дела го тематизираат притисокот на денешното време да создаваш и да консумираш и нудат креативен одговор на еден од најургентните проблеми што нè засега сите, неможноста да се исклучиме од 24/7 начинот на живот.
Изложбата ги води посетителите низ 24-часовно патување во пет главни зони, кои ги истражуваат тензиите на ваквиот живот, поместувањето на границите помеѓу денот и ноќта, активност и одмор, човек и машина, работа и слободно време, индивидуа и колектив.

Проектот на швајцарскиот уметник Роман Сигнер е обид да се спие во присуство на летечки дрон над главата. Американецот Бенџамин Гросер прави пресек од говорите на основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг, од 2004 до 2018, каде што главни зборови се „more“, „grow“ и изјави на бројки.

Јапонецот Татсуо Мијајима креира медитативна изолирана соба, а проектот на Настја Саде Ронко, уметница од Финска, претставува половина година живеење и работење без интернет како резидент на Somerset House.
Американскиот уметник Хасан Елахи, кој по настанот 9/11 по грешка бил ставен на листа за забрането летање, ја споделува својата лична датабаза, која се состои од слики од хотели каде што престојувал, оброци што ги јадел, аеродроми и тоалети што ги посетил.

Филмскиот уметник од Германија, Харун Фароки, со компилација од снимки со наслов ист како првиот направен филм, „Workers living the factory“, го анализира однесувањето на работниците како социјална група, нивните ритуали и рутини, по завршувањето на работата, кога ја напуштаат фабриката.

Тега Бреин од Австралија ги хакира апаратите за следење и собирање податоци за физичка активност. Нејзиниот проект „Unfit Bits“ докажува дека податоците можат да се постигнат со оптички дразби и нула физичка активност, со што се добива нерелевантен резултат за нашето психофизичко здравје.

Инсталацијата на уметниците Томсон и Креигхед од Лондон претставува информативна табла, која на одреден интервал ја менува својата содржина пренесувајќи во живо пребарувања од интернет.

Посетителите за момент можат и да се исклучат од електромагнетни сигнали со проектот на Кетрин Ричардс од Канада, која им овозможува завивање во бакарно ќебе.
 
Анна

Previous Post

Amsterdam Dance Event: Пет дена и пет ноќи со електронска музика

Next Post

CINEDAYS 2019: Блескаво филмско полнолетство

Next Post

CINEDAYS 2019: Блескаво филмско полнолетство

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum