Веќе извесно време размислуваме како да ве подготвиме за долгите топли денови што следат. Замислете го „тешкиот поход“ по вжарениот скопски бетон. Замисливте? Ќе ви треба освежување, да :). Оваа недела одиме со коктели, следниот пат пиеме пиво.
Maj по скопските улици е период кога јапонските цреши се веќе одминати, а на мирисот на липите сè уште се чека. Раздвижено, живо, пријатно, преполно… И да, мaj e одлично интермецо за пиење коктели по локалите во кои најдобрите коктел-мајстори во градот ги мешаат задоволството и страста.
И оваа година, шејкерите повторно ќе „заиграат“ во рацете на искусните бармени за новото издание на Skopje Cocktail Week, настан којшто организаторите го замислија како платформа за едукација на фелата што нуди нови искуства за гостите. Интересно е тоа што во рамките на Skopje Cocktail Week се одржува и едукација за улогата на социјалните медиуми при промовирање на содржините на еден бар и улогата на квалитетно направеното мени.
И веднаш штом ги пуштите сламките и чадорчињата, ќе ве чекаме со нов разладувачки одговор на вечното прашање: Што ќе пиеме?